Земјоделците да ја подмират закупнината за земјоделско земјиште
09-07-2014 РЕГИОН

Од МЗШВ на Република Македонија - подрчна единица Неготино апелираат до земјоделските производители на општините Неготино и Демир Капија кои имаат склучено договори за закуп на земјоделско земјиште, да ја подмират закупнината за изминатата 2013 година заклучно со 31 јули, оваа година.

Раководителот на Подрачната единица Неготино Златко Пенков вели дека станува збор за околу 1200 производители кои под закуп обработуваат земјоделски површини, од кои поголем дел веќе ги имаат подмирено обврските кон надлежното Министерство.

За подетални информации земјоделските производители потребно е да се јават по Подрачната единица на МЗШВ- Неготино и тоа секој работен ден од 8,30 до 16,30, а подетални информации може да добијат и на телефонскиот број 043- 365-421.

 

 



Share

Додади коментар