Изграден тротоар на местото на старите куќи кои се срушија
10-11-2018 РЕГИОН

 

Како дел од програмата за комунална изградба Општина Кавадарци реализираше проект за рушење на стари куќи подложни на паѓање, кои воедно и правеа пречки во нормалното одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Во текот на октомври и почетокот на ноември беа рушени две такви куќи на улицата „Страшо Пинџур“ кај „вториот триаголник“.

 

Веднаш по нивното отстранување општината превзеде мерки за пробивање на тротоар во должина од педесеттина метри, како продолжение на постоечкиот.

 

Општина Кавадарци со рушењето на два објекти трајно реши децениски проблем. Имено овие куќи со еден свој дел влегуваа во коловозната лента стеснувајќи ја улицата, при што претставуваа опасност како за возилата така и за пешаците. Пробивањето на ова тесно сообраќајно грло во многу ќе го подобри нормалното и непречено одвивање на сообраќајот по мошне фрекфентната регионална улица „Страшо Пинџур“ во правец кон с. Ваташа.



Share

Додади коментар