Кавадаречкиот совет расправаше за проблемите на лозарите - донесени неколку заклучоци
23-09-2016 РЕГИОН

„Владата да донесе одлука за интервентен откуп. Владата да донесе план и стратегија – системски мерки за долгорочно решавање на проблемот со откупот на грозјето. Препорака до винарските визби да ја искористат мерката стимулација од три денари за кил,ограм грозје и да ги отворат вратите на винарските визби. Да се почитуваат законските регулативи и да има контрола на истите во поглед на шеќерноста и во поглед на плаќањето на грозјето“ – ова е сетото од заклучоци што попладнево кавадаречкиот совет едногласно ги усвои во рамки на 48 –та седница.

 

Советниците расправаа за проблемите со кои се соочуваат лозарите. Советниците од опозицијата посочија дека механизмите за решавање на проблематичниот откуп биле кај владата, додека позицијата смета дека главни виновници биле визбите, кои требало да ги отворат вратите за откуп на винското грозје.

 

Поопширно за расправата за лозарството на кавадаречкиот совет ќе информираме во утрешното издание на вестите.

 

А.Д



Share

Додади коментар