Кавадарчани ќе добиваат помош при вработување
01-04-2015 РЕГИОН

Oпштина Кавадарци-Локална Самоуправа во соработка со Агенција за вработување на РМ  во насока на остварување на стратешката определба за зголемување на вработеноста што директно придонесува  на порастот на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот на граѓаните во општината стави во  функција телефонски број 043/ 416-145. Сите лица на кои му се потреби информации и помош при вработување можат да се јават на овој телефонски број.

Општина Кавадарци континуирано ќе ги информира сите заентересирани невработени лица за можностите, активните програми и мерки за вработување (кредити за самовработување) како и за можностите за обуки, преквалификации и доквалификации на невработените лица,  додека правните субјекти ќе бидат информирани за средствата и поволностите што ги дава државата за проширување и развивање на сопствениот бизнис -што стимулира отварање на нови работни места, велат од локалната самоуправа и додаваат дека сите невработени лица од ранливите категории граѓани ќе бидат навремено информирани за сите активни мерки и политики за нивно вработување како и за новите законски измени на законот за вработување на лица со инвалидност кој ќе опфаќа вработување на лица со инвалидност во приватниот и јавниот сектор со што ќе се унапреди целокупниот квалитет на живот на лицата со хендикеп и ќе се обезбеди нивна целосна инклузија во општествените текови.

Во известувањњето од општината се нагласува дека  Агенција за вработување нуди помош при барање на работа, врши мотивациски обуки, посредува при вработување, им нуди услуги на работодавачите, врши услуги за вработување и за работа, професионална ориентација и кариерно советување.

A.Д



Share

Додади коментар