Локализиран е пожарот кај селото Дебриште
22-08-2016 РЕГИОН

Екипи на кавадаречката противпожарна единица и вработени во „Македонски шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци денеска претпладне го локализираа пожарот кој синоќа избувна кај росоманското село Дебриште.

 

Според информациите од командирот на противпожарната единица, Илчо Богевски, пламените јазици зафатиле сува трева и нискостеблеста шума.

 

„На терен сме петмина пожарникари и едно возило, исто толку луѓе има од подружница „Бор“ и едно нивно возило. Цела ноќ интервениравме на терен и пожарот е локализиран“ ни рече претпладнево Богевски, додека сеуште интервенираа за гаснење на огнот.

 

A.Д



Share

Додади коментар