Младите да се насочат кон спортот за да ги избегнат пороците
07-04-2015 РЕГИОН

Придобивките од спортот за здрав развој на секој млад човек, денеска беа нагласени на часот по спорт и спортски активности кои се одржа во спортската сала на СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци. Со цел младите да се отргнат од пороците кои демнеат над нив спортските коелктиви од градот ги претставија своите активности. Настанот го организира отсекот за превенција и полициската станица од Кавадарци во соработка со спортските клубови од градот и училиштето домаќин.

 

- Во своите првентивните активнсоти одделот за превенција освен  трибини и предавања  на теми за превенција од болести на зависности, пушење, алкохолизам, наркоманија кои беа реализирани во изминатиот период  сите училишта денеска како финале на сето тоа дојде и овој насатан по повод 7 ми април денот на здравјето. Има мноштво млади, претставници од сите спортски колективи, фудбал ,ракомет, тенис, гимнастика, карате. Од тука упатуваме заедно еден повик до сите млади да се зачленат и да спортуваат во спортските клубови и да останат што подалеку од сите пороци. Мотото на денешниот настан е „Спрот да, дрога не“. Овој ден го посветуваме и на сите рекративнци, а не само на активните спортисти.“ рече инспекторот по превенција Димитар Каракулев и посочи пример дека низ рацете на еден тренер од кавадаречки кошаркарски клуб поминале над 500 деца кои со сигурност биле настрана од пороците на денешницата.

Каракулев нагласи дека ќе бидат задоволни од сите деца ако се успее барем триесетина отсто  да продолжат по витинскиот пат. „Сигурно е дека сите нема да бидат врни спортисти но ќе ги отргнат од сите лошо пороци кои ги демант“ – додаде инспекторот.

 

И директорот на СОЗШУ „Ѓорче Петров“, Благој Димитров го поздрави денешниот настан и им порача на младите, наместо со пороци да се занимаваат со здрави животни навики и да спортуваат.

Ангел Данов



Share

Додади коментар