Над една милијарда денари ќе тежи буџетот на Кавадарци за 2020 година
25-12-2019 РЕГИОН

Едногласно советот на општина денеска го усвои буџетот за 2020 година кој е димензиониран на над една милијарда денари. Советниците по долги натегања околу висината на надоместокот за комуналии едногласно ја прифатија и програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на општина Кавадарци, со амандманот кој опфаќа повисока цена за комуналии да се плаќаат за градби од А2 категорија, а пониска цена за градби надвор од опфатот на ГУП.

 

На денешната седница едногласно се усвоија и програмите за работа на советот, за комунални дејности, за изградба, реконструкција и одржување на локалните патишта за 2020 година. Советот ги донесе и програмите за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општината, за изработка и донесување на урбанистички планови, за поставување на времени објекти, за развој на општината и за развој на невладиниот сектор.

 

Поминаа исто така и програмите за одбележување на годишнини и значајни настани и личности, за работа на општината во областа на социјалната и здравствената заштита.

 

Усвоени се и програмите за работа на културните институции следната година и извештаите за нивното работење годинава.

 

Советот го разгледа и усвои и извештајот за пошумување годинава, а се донесе одлука за надомест за чување на неисправни и хаварисани возила во депото на ЈП Паркинг и одлука за надомест за помош на пат по барање на сопственик на возило.

 

Едногласно се прифати донацијата од „Кожувчанка“ во ново возило за ТПЕ Кавадарци и од „Ја-Ми“ за почисто и поубаво Кавадарци.

А.Д



Share

Додади коментар