Намален број на сообраќајки во Кавадарци
22-06-2015 РЕГИОН

Во втората половина од минатата година на подрачјето на општините Кавадарци и Росоман, за кои е надлежна полициксата станица од општа надлежност Кавадарци се бележи намалување на бројот на сообраќајните незгоди, споредено со истиот период од претходната година. Ова се наведува во информацијата за состојбата со јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата што беше разгледана од советот на општината.

Полицијата евидентирала 93 сообрќајни незгоди или има намалување за 19 отсто споредено со истиот период од 2013 година. Две лица го загубиле животот, во седум сообраќајни незгоди 8 лица се здобиле со тешки телесни повреди, во 32 сообраќајки 46 лица се здобиле со лесни телесни повреди, додека 48 сообраќајни незгоди биле само со материјална штета.

Од полицијата велат дека активностите на превентивен и репресивен план веќе во второто полугодие од годината ги дале очекуваните резултати, т.е бројот на сообраќајни незгоди е намален.

“Покрај досегашните усшени резултати во работењето континуирано се спроведува и планот за превземање на превентивно репресивни мерки за возачите кои се однесуваат насилно во сообраќајкот, а ефектите ќе се согледат во натамошниот период“ велат од полицијата.

Според статистиката на кавадаречката полиција, десет сообраќајни незгоди се случиле поради брзо возење, 15 поради возење под дејство на алкохол, 18 поради недржење на страна  и правец на движење. Осум сообраќајни незгоди биле поради непочитување на првенство на минување, а 29 поради останати причини.

А.Д



Share

Додади коментар