Обновување на рекреативна зона на улица „Солунска глава“
29-10-2018 РЕГИОН

 

Општина Кавадарци на барање на жителите, преку оперативата на ЈП „Комуналец“ го реализира проект за обновување на рекреативната зона на улицата „Солунска глава“.


Во текот на месец oктомври на површина од 3000м2 се работеше на расчистување и уредување на просторот.
Согласно проектот теренот најпрвин се расчисти од отпад, шут и обрасната вегетација. Се замени старата и искршена фонтана со нова, се промени водоводната инсталација и се постави подземен систем со рапрскувачи за полевање.


Ќе следи хортикултурно уредување со трева и ниско стеблести растенија, а општината планира и репарирање на постојните реквизити од детскиот забавен парк.

 


Рекреативниот парк ќе добие и дополнително јавно осветлување.
По звршувањето на работите граѓаните од овој дел на градот ќе добијат обновена зона за одмор и рекреација.



Share

Додади коментар