Објавени локации за изградба на бензински пумпи

Две локации во Велес, Свети Николе и Штип и по една локација во Градско, Росоман и Демир Капија објави денеска министерството за транспорт и врски во соработка со повеќе релевантни институции и со општините за изградба на бензински пумпи. Објавените локации се наоѓаат долж коридорот 10 и по краците од истиот.

-Од објавите може да се забележи дека се работи за големи површини, бидејќи нашиот план и така е направена урбанистичката планска документација е покрај бензинските пумпи да има место и за мотел, за ресторан, голем паркинг ...  Да има повеќе содржини за да може на некој начин да ги мотивираат пред се транзитните патници да зазастануваат на овие локаци. Ова е резултат на посета, значи целосна анализа на патните правци во Република Македонија. Секаде онаму каде што можеше урбанистички и сообраќајно да се предвиди бензинска пумпа, а земјиштето е на Република Македонија, а истото е направено се со цел да привлечеме домашни и странски инвестиции во овој сектор. Паралелно секаде онаму каде што можеше да се предвиди бензинска пумпа а е приватно земјиште беа информирани приватните лица дека имаат можност да се урбанизира тоа земјиште и да биде бензинска пумпа,, посочи Јанакиески.

Сите објави ќе важат до 27 август годинава. Истите се доставени и до економските промотори за да може да анимираат странски инвеститори.

Јанакиевски најави дека веќе се во фаза на урбанизација уште 4 бензински пумпи и тоа во Кавадарци, Прилеп,  Валандово и Пехчево.



Share

Додади коментар