Од 9 - 11 октомври велешка питијада
25-08-2015 РЕГИОН

Општина Велес ги заврши подготовките за годинешната питијада.. Фестивалот на пита и вино ќе се одржи од 9-ти до 11-ти октомври.. Според најавите на организаторот, годинава е предвидено да учествуваат вкупно 50-тина производители на вино и пастрмајлии.. Од локалната самоуправа велат дека манифестацијата придонесува за подобрување на локалната економија.. На минатогодиншната питијада освен учесниците, екстра профит оствариле и сите дуќанџии..

 

За добрата забава на гостите ќе се погрижат 20-тина музички имиња од Македонија и ју просторите.. Миле Кузмановски, Тамара, ДНК, македонските финалисти од Х-фактор, Парни Ваљак се дел од музичарите кои ќе настапат на годинешната питијада.. Продолжена музичка забава ќе има за помладата публика..

 

И годинава питијадата ќе се одржи на улицата пред гимназијата.. Продолжено работно време ќе добијат сите угостителски објекти а ќе се воведе и времен режим на сообраќјот.. За гостите од другите градови ќе се обезбеди и паркинг простор за возилата.. Велешката питијада се организира 12-та година по ред..

 

Зоран Јаневски



Share

Додади коментар