Од полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ цените на горивата со нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

 

Eуросупер БС – 95 ќе се продава за 66 денари за литар, 98 октанскиот за 68 денари, новата цена на дизелот е 51 денар за литар, а екстра лесното ќе се продава за 39,5 денари. Поевтинува и мазутот.

 

Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 2,89 проценти, како резултат на поевтината сурова нафта на светските берзи и нешто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.



Share

Додади коментар