Од септември значително мал број на нови првачиња во Кавадарци
01-06-2017 РЕГИОН

 

Се намалува бројот на првачиња во Кавадарци. Податоците на надлежните службиговорат дека годинава во прво одделение низ основните училишта во Кавадарци ќе зачекорат само 380 првачиња. Оваа бројка е матичната евиденција на законски обврски, во која не е одземена бројката на можни иселени граѓани надвор од земјава чии деца треба да би требало од септември да го започнат основното образование.

 

Од секторот за образование при локалната самоуправа Кавадарци информираа дека се доставени списоци до сите основни училишта со податоците на законски должните првачиња според регионот во кој работи секое од училиштата.

 

Училиштата на домашна адреса и годинава со покана ги повикуваа идните првачиња да се јават со потребната документација и да минат низ општите педагошко-психолошки тестирања. Тренд е последните неколку години изборот на училиште, односно конечната одлука да е сепак одлука на родителот во кое училиште ќе се школува неговото дете.

 

Борбата за првачиња кавадаречките училишта ја започнаа на 1 мај, кога и официјално  стартуваше уписот за нови првачиња. Конечната бројка на нови основци од септември сеуште не е позната, но сигурно е дека вкупниот број првачиња 380 ќе биде распореден во шест училишта во Кавадарци.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар