Од утре нов ладен бран со дожд и снег!

Времето денес (31.03 2020 год.): Променливо облачно од пладневните часови со повремен дожд, а планините со повремен снег. Врнежите до крајот на денот ќе се прошират насекаде и ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој долж Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.

 

Под влијание на влажен и студен воздушен бран утре ќе има врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 25 л/м2). На планините врнежите ќе се од снег. Температурите преку денот нема многу да се покачат и ќе се за 8 до 10 степени пониски од денешните. Во текот на денот врнежите ќе преминуваат од дожд во снег и во некои пониски места и ќе се формира тенка снежна покривка. Во четврток и петок ќе биде стабилно со минимални температури во поголемиот дел од земјава под нулата.



Share

Додади коментар