Панов: „Спремен сум да ја повлечам точката за преименување на плоштадот“
22-08-2014 РЕГИОН

По бројните коментари на социјалните мрежи, околу одлуката која е на дневен ред на седницата на кавадаречкиот совет во среда,  а со која треба да се преименува плоштадот од Маршал Тито во Филип петти,  денеска градоначалникот Александар Панов одговарајќи на новинарски прашања искажа спремност да ја повлече ваквата одлука. Рече дека е подготвен да прифати и можност за изјаснување на граѓаните.

 

„Тоа е моја идеја која што ја протежирав уште во првиот мој мандат. Досега направивме една рунда на замена на улици во градот, а сега мислам дека е дојдено време да интервенираме и на плоштадот,  како најбитно место или како центар на Кавадарци.  Со убедување сум дека Филип петти е вистинската личност за Кавадарци, не дека тој е поголем од Александар Македонски и од Филип втори. Прифаќам пред да пристапиме кон смена на името на плоштадот да пристапиме кон едно јавно изјаснување, анкетирање,  кое е името или настанот кои се најсоодветни за име на плоштадот. Јас сум убеден и тврдам дека сегашното име не кореспондира ниту со историските факти , не кореспонтдира ниту пак со Кавадарци или доволно му оддадовме доволно почит на Јосип Броз Тито. Навистина треба да се вратиме кон корените. Ако навистина се мсили дека се работи за антиквизација, јас за  Александар Македонски учев во трето или четврто одделение,  кога живеев во една друга држава која се нарекуваше СФРЈ. Спремен сум да ја повлечам точката на днвен ред. Да оставам уште месец- два период на изјаснување на граѓаните и во една демократска атмосфера, поголемиот процент граѓани  да одлучат за името на нашиот плоштад. Но и после тоа ќе има луѓе  на кои нема да им се допаѓа името и ќе сакаат да го променат“ рече Панов.

 

Дел од граѓаните во своите коментари имаат напишано дека Сашко Гешовски е едно од соодветните имиња  кое би  требало да го добие плоштадот. Побаравме мислење и од градоначалникот во врска со ваквите размислувања на дел од кавадарчани.

 

„Мојот личен став, не како градоначалник, туку како граѓанин на опшштина Кавадарци е дека тоа име не кореспондира, не дека не е знчајно, Ние се оддолживме на Сашко Гешовски, тој е дел од нашата листа. Неговото загинување е  еден трагичен настан. Тој не е борец. Сашко не го ослободи Кавадарци. Не би сакал да се вулгаризира неговото име, затоа што јас и фамилијарно сум близок со таа фамилија. Заедно седев во иста клупа  со неговата сестра. Се надевам дека е доволно тоа што ние го направивме, улица во непосредна близина на живеењето на неговите родители. Да се поистоветува името на Сашко со  Александар Македонски,  сите ние во Кавадарци сме многу ниски со една таква голема личност„ рече Панов.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар