Петардите се опасна играчка! Родители внимавајте на своите деца!
08-12-2017 РЕГИОН

 

Месец декември е време кога повторно треба да се поработи на темата петарди и можни повреди од нивната употреба. Ајде сите заедно, институции, родители, дедовци, наставници, превентивно и репресивно да го дадеме својот придонес за да ги заштитиме децата од повреди. Со ваков статус утринава доброутро на своите пријатели на фејзбук им посака инспекторот за превенција при ПС Кавадарци Димитар Каракулев.

 

Денес тоа може да биде некое туѓо дете, утре твоето, потенцираше Каракулев. Да не ја претвориме забавата во трагедија! На крај вината ќе ја понесат сите кои можеле да спречат а не го сториле тоа, дури и придонеле децата да бидат во контакт со петарди и пиротехнички средства.Има многу други видови на забава за децата, отколку оваа која наликува на варварство и примитивизам, потсети инспекторот за превенција на препораките кои традиционално преку својата институција ги шири низ претпразнична кампања.

 

За младите детално да ги увидат последиците многу пати до сега Полицијата во соработка со црвениот крст и службата за итна медицинска помош симулираа и вежба за повреда од петарди, па според тоа надлежните институции очекуваат проблемот со петардите во пресрет на престојните новогодишни празници да биде намален.Инаку кампањата е на повидок па традиционално како и секоја година против употребата на пиротехничките средства ќе се води со едукативни трибини и предавања и со делење на флаери. Паралелно со истата ќе се контролираат и тезгаџиите односно продавачите на новогодишни украси, па сите кој спротивно на законот ќе продаваат петарди ќе мора да се соочат и со високите казни.

М.М

 



Share

Додади коментар