По трет пат крадци го нападнаа споменикот во Моклиште
10-08-2015 РЕГИОН

Викендов непознати сторители по кои трага полицијата го  го украле простанатиот дел од рељефот на споменикот на 12 сте ваташки младинци во Моклиште.

Денеска се огласи градоначалникот на општина Кавадарци,  Александар Панов. Тој  го осудува овој срамен чин на сквернавење на историјското наследство и апелира до надлежните да го расветлат случајот и арамиите да ги изведат пред лицето на правдата.

„Нема зборови со кои може да се опише било каков нецивилизиран и кукавички гест, особено на споменик во чест на 12 млади патриоти кој го дадоа животот за слободата на Македонија“ рече Панов.

Општината, Музеј-галеријата Кавадарци и републичките институции за Заштита на културното наследство ја разгледуваат можноста за начинот како да се интервенира на споменикот. Дали да се направи реплика на оргиналниот рељеф од бакар на авторите Јордан и Искра Грабул, или да се предложи ново идејно решение.

Рељефот кој го симболизира убиството на 12 малдинци од Ваташа е изработен од бакар, па се претпоставува дека најверојатно бакарот е причината поради која е украден и е продаден за отпад..

Споменикот на ваташките младинци по трет пат е мета на вандали и арамии. Претходно двапати беа крешени и украдени делови од рељефот, а сега е украден и преостанатиот дел.

Ангел Данов



Share

Додади коментар