Повеќе активности од комуналната изградба во Кавадарци
24-04-2020 РЕГИОН

Од прес службата на општина Кавадарци денеска информираат дека во општината се реализираат повеќе активности од комуналната изградба.

 

Се работи на асфалтирање на ударни дупки на ул.Шишка, приклучување на нова водоводна линија на ул.Ресавска, а се подготвува теренот за асфалтирање на спојот со ул.Видое Смилевски и ул.Димката Ангелов Габерот.

 

 

На ул. Ресавска се работи на поставување на капаци на шахти.

 

Во текот на ноќта ,дежурните екипи вршеа обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација на ул.Мито Хаци-Василев Јасмин и булевар Моша Пијаде.



Share

Додади коментар