Подобро е лозја да се садат на есен

Во есен има иделни временски услови за подигнување на  нови лозови насади, велат стручните лица. Тие им препорачуваат на лозарите кои размилсуваат да садат винова лоза на нова површина тоа да го направат во текот на есента, бидеќи во овој период полесно и поуспепно е зафаќањето на садниците.

„ Луѓето повеќе пристапуваат кон подигнување на млади лозови насади на пролет наместо на есен, бидејќи сега времето е постудено, а тогаш временските услови повеќе им одговараат за работа. Сепак есенското подигнување на лозје е подобро од пролетното, рече  Ѓорѓи Ајтов, раководителот на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.

Според неговото објаснување,  садењето на лозје може да се изврши се до отворањето на првите листови, но подобро било да се сади на есен, бидјеќи полесно се зафаќа садницата.

„Приемот на садницата се намалува како што се приближува почетокот на вегетацијата. Колку е покасно, ризикот да не се зафати садницата е поголем. Ако садењето е подоцна, треба да има повеќе влага во почвата за тоа да биде поуспешно“ нагласи Ајтов.

Како што информира  претседателот на „Агротиквешија“,Љупчо Аризанов и годинава ќе бидат подигнати значајни површини со нови лозови насади.

А.Д



Share

Додади коментар