Помош за стари, изнемоштени и инвалидизирани лица
12-08-2016 РЕГИОН

Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица кои живеат сами, односно со својот брачен другар, на кои им е потребна грижа, инвлаидизирани лица на кои им е потребна нега, како и лицата со оштетен вид, кои имаат потреба  од подршка да се вклучат во програмата  „општо корисна работа – грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид, како корисници на услугите што ги нуди оваа програма.

 

Повикот што го објави општината е веќе во тек и ќе трае се до 19 август годинава.

Лицата кои ќе се пријават ќе добиваат елементарна помош и грижа, набавка и достава на лекарства и други намирници за кои ќе се јави потреба, набавка и достава на храна и други неопходни продукти за егзистенцијални потреби. Исто така ќе им се врши услуга за плаќање на сметки за струја, телефон, вода.

 

Корисниците кои ќе бидат подржани со програмата „општо корисна работа“ услугите ќе ги добиваат од лица работно ангажирани од општината, по истиот проект, во период од шест месеци, а пријави се поднесуваат во Центарот за социјална работа и Здружението на слепи лица на град Кавадарци.

 

Програмата „општо корисна работа“ се реализира како резултат на постигнатиот договор помеѓу Агенцијата за вработување, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и општина Кавадарци.

 А.Д



Share

Додади коментар