Поставен терминал за електронска наплата на услуги во општина Кавадарци
21-07-2020 РЕГИОН

Општината Кавадарци во насока на подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, а во соработка со една од комерцијалните банки во Граѓанско информативниот центар постави терминал за електронска наплата на услиги.

 

Овде граѓаните ќе можат да извршат наплата со платежна картичка од сите комерцијални банки. Со ова општинат создаде поволност за граѓаните, со која ќе избегнат непотребно гувење на време и турканиците по шалтерите во поштата и банките.

 

За почеток општината овозможи плаќање на пет целни дознаки и тоа: данок на наследство и подарок, административна такса, данок на промет, комунална такса за користење на плоштад и друг јавно прометен простор, како и наплата на комунална такса за користење на простор пред деловни објекти.

 

Во наредниот период општината ќе го прошири опсегот на услуги кои граѓаните ќе ги плаќаат на овој начин -се вели во известувањето од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар