Почина неготинец позитивен на корона вирус
03-07-2020 РЕГИОН

Неготинец на возраст од 56 години, кој бил позитивен на Ковид 19 почина, информираа од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

„Починатиот поради други здравствени проблеми бил хоспитализиран на клиниката за неврохирургија во Скопје од 24 мај. Кај него бил дијагностициран и корона вирус.  Вчера бил пуштен на домашно лекување, бидејќи состојбата му била подобра. Утринава неговата здравствена состојба нагло се влошила и починал“ рече за КТВ епидемиологот д- Ристе Јовановски.

 

Ова е втор починат од вирусот во Тиквешијата од почетокот на епидемијата. 

 

А.Д

 

 



Share

Додади коментар