Продолжува реконструкцијата на фасадите на зградите во центарот на Кавадарци
30-10-2019 РЕГИОН

Општина Кавадарци продолжува со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, кои се утврдени како објекти од значење за општината.


Изведувачот на работите кавадаречката фирма „Метал Апостолов“ деновиве работи на санирање на фасадата на осмата зграда, лоцирана над подземната гаража на плоштадот на ул.„Фердо Росомански“бр.1.


Акцијата започна пролетта со обнова на фасадата на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Продолжи со обнова на фасадите на зградите на ул. „7-ми Септември“ бр.51 и бр.53 под полицијата, како и на зградата Стопанска банка АД Битола на ул.„7-ми Септември“ бр.13.


На улицата „Илинденска“ се обновени фасадите на зградите „стара автобуска“ бр.32 и кај „Тутунска банка“ бр.81. Обновена е и фасадата на зградата на ул.„Тиквешко востание“ бр.2 .


Останува да се завршат фасадите на зградите на: ул. „Браќа Хаџи-Тефови“ бр.2, на ул.„Благој Крстиќ“ бр.1, зградата Водостопанство Тиквеш на ул.„Илинденска“ бр.26, на зграда бр.17 на ул. „Мито Хаџи Василев-Јасмин“,како и Општинска зграда (заден дел).
Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои се врши интервенција за санирање на сачокот, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите.


За оваа намена општината инвестира 5.361.793 денари, а парите се обезбедени од буџетот, инфомираа од локалната самоуправа.



Share

Додади коментар