РЕВИТАЛИЗИРАНО ЈАВНОТО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА ПЛАТОТО ПРЕД СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА
11-06-2018 РЕГИОН

 

 

Шеснаесет нови сијалични места и пет рефлектори се вградија во ревитализираното јавно осветлување на платото пред спомен костурницата во градскиот парк.

 

Општината во рамките на проектот за редовно одржување целосно ги замени старите светилки на единаест канделабри на партерот околу костурницата како и на петте заеднички столбови кои се носачи на светилки и на рефлектори.

 

Целосна замена е извршена и на на старите искршени и дотраени амбиентални рефлектори кои ја осветлуваат костурницата. Просторот на платото отсега ќе биде осветлен со ЛЕД светилки и рефлектори од новата генерација, со што спомен костурницата во ноќните ќасови ќе биде достапна за посетителите.

 

Работите беа дел од обемниот проект на општина Кавадарци за реконструкција на јавното осветлување во паркот, каде специјализирана екипа работи на замена на комплетите светилки, оштетените кабли од нисконапонската мрежа во канделабрите и од подземната инсталација од јавното улично осветлување во градскиот парк - информираат од прес службата на општина Кавадарци.

 



Share

Додади коментар