Ротаријанците на донаторска вечер за Народна техника
15-12-2014 РЕГИОН

Ротари клуб Кавадарци ја одржа петата донаторска вечер од своето постоење. Собраните средства се донираат на Народна техника Кавадарци за реконструкција на просториите и набавка на посовремена опрема за изучување на техничката култура од страна на учениците.

 

Претседателот на Ротари клуб, д-р Драги Јованов нагласи дека е задоволен што ротаријанската идеја е широко подржана и бизнис секторот и пријателите на ротари клуб донираат за помош во заедницата. 

М.Мукаетова



Share

Додади коментар