Се асфалтира булевар „Цветан Димов“
01-10-2019 РЕГИОН

Општината Кавадарци ќе ревитализира уште една главна улица во градот.


Денеска се реализира асфалтирањето на втората лента од булеварот „Цветан Димов“ на потегот од раскрсницата кај ООУ „Гоце Делчев“ до спојот со „Северен булевар“ кај Хотел „ФЕНИ“.

 

За време на викендов се асфалтираше прват лента од овој значаен булевар.
Асфалтирањето е во рамките на програмата за Ревитализација на главните улици во Кавадарци финансиран преку Проектот МСИП на Европската Унија и Светска банка.



Share

Додади коментар