Се реконструираат и мали и споредни улици во Кавадарци
29-05-2019 РЕГИОН

Пролетната кампања за комунална изградба во Кавадарци опфаќа интервенции и на мали и споредни улици, кои се мошне значајни за граѓаните - информираат од локалната самоуправа.

 

Оперативата на фирмата „Павер трејд“ денес започна со реализација на таков проект на Општина Кавадараци во строгиот центар на градот.

Се работи за реконструкција на крак од улицата „Иво Лола -Рибар“ во должина од 30 метри, непосредно до Малиот групен дом.

 

Најпрвин се отстрани дотраениот и оштетен асфалт, а на негово место се поставува тампон за нивелација, по што ќе уследи поплочување со павер елементи.

Општината и оваа улица ја реконструира на барање на граѓаните.

 

 

 

Оперативата на фирмата „Коле транс“ од Штип асфалтираше дел од улицата „Никола Карев“ на потегот од спојот со улицата „Ресавска“ до влезот во ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“.

 

Според проектот се реконструира должина од 130 метри. Претходно беше отсранет стариот и дотраен асфалт, по што се изврши порамнување со тампон.

 

Оваа улица се реконструира на барање на жителите, а во рамките на пролетната кампања за комунална изградба.

 

Улицата е особено користена од учениците во училиштетео „Тоде Хаџи-Тефов“, а со нејзината реконструкција општината обезбедува поголема безбедност како за пешаците, така и за останатите учесници во сообраќајот.



Share

Додади коментар