Слободни места за нови средношколци има во сите средни училишта

Помина првиот ден од јунскиот уписен рок за средните училишта. Според министерството за образование и наука и вчера и денес се течело според планираното, законот и прописите, без проблеми и пропусти. За идните средношколци во Кавадарци и по првиот ден од уписите слободни места останаа во трите средни училишта. Во истите според регулативата  и денес без проблеми течеше уписот, но она што може да се констатира е дека ученици од година во година се повеќе недостигаат.

Со слободни места и во следниот уписен рок оди Гимназијата Добри Даскалов која според резултатите од вчера може да се пофали дека поминала успешно и со очекувана бројка. За гимназиско образование тука аплицирале 160 ученици, за економско 27 и за правна насока 18 ученици што значи збир кој вели слободни места се уште има.  Истата информација ја добивме денес и го СОУ Ќиро Спанџов Брко. Овде најголем интерес идните средношколци пројавиле за насоката компјутерска техника и автоматика за која училиштето одреди две паралелки со вкупна бројка од најмногу 68 ученици, а само во вчерашниот ден апликација за упис поднеле 77 ученици.

Вкупната бројка на ученици кој побарале упис за стручно образование во Ќиро Спанџов е 144.Во останатите насоки слободни места има и за наредните уписни рокови.Со слободни места во сите насоки на следен уписен рок оди и СОЗШУ Ѓорче петров Кавадарци, а место за идните средношколци и во следниот уписен рок има и во СОУ Ќирил и Методиј во Неготино.И ако погледнеме наназад можеби не повеќе од десетина години средните училишта во Кавадарци гордо на крајот од првиот јунски уписен рок информираа дека за средно образование уписите во Кавадарци се завршени, сега за жал барем, во последните две три години тоа е далеку од реалноста.Нови насоки и образовни профили се отвораат, но за жал учениците се помалку ги има, вината е можеби во постојаното опаѓање на наталитетот.

Милица Младенова



Share

Додади коментар