Со одлука на советот социјалците од Кавадарци ослободени од плаќање сметки за комуналии
11-09-2018 РЕГИОН

 

 

Едногодишно ослободување од плаќање на комунални сметки за социјалците од Кавадарци Социјалните случаеви од Кавадарци, се ослободуваат од плаќање на сметки за комунални услуги, за период од една година. Вака одлучи Советот на општината, а ослободувањето се однесува на сметки за користење на вода за пиење, собирање и транспорт на смет и други комунални услуги.

 

-Ослободувањето е за периодот од први април минатата година, до први април оваа година. Субвенционирањето е на товар на локалната самоуправа, појаснуваат од Јавното преторијатие “Комуналец”.

 

Оттаму додаваат дека под социјално загрозени семејства се подразбираат оние кои исполнуваат услови за социјална парична помош, постојана парична помош, паричен надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време поради нега на дете со телесни или ментални пречки во развојот, додаток за глувост, парична помош на самохран родител кој има дете со пречки во развојот и додаток за слепило и мобилност.

 

Надзор врз спроведувањето на оваа одлука, ќе врши Комисијата за финансии и буџет при општината.

 

С.Д



Share

Додади коментар