Советот на општина Кавадарци ја одржа 25-тата седница
22-01-2015 РЕГИОН

Од 31 ден во декември кавадарчани во 14 дишеле загаден воздух или имало неколку пати над дозволеното присуство на суспендирани честистички од 10 микрометри – ги информираше советниците и јавноста денеска градоначалникот на општина Кавадарци во рамки на 25-тата седница. Загадувањето на амбиенталниот воздух и информацијата од Министерството за животна средина и просторно планирање  беше причина советот да усвои неколку заклучоции кои треба да помогнат за намалување на загадувањето, а и да се иницира вонредна седница на која ќе се расправа за загададувањето.

Претседателката на советот Горица Пеливанова-Вилхелм ги презентираше заклучоците кои ги усвои и комисијата за екологија.

„Советот на општина Кавадарци го задолжи ЈП Комуналец двапати неделно да се врши миење на сите улици во град Кавадарци, особено околу градилиштата. Советот предложи градоначалникот да преговара со менаџерскиот тим на Фени за времено пренасочување на тешките товарни возила по заобиколен пат до седиштето на фимрата, заради надминување на сосотојбата со зголеменото загадување на амбиенталниот воздух. Исто така советот побара медиумите редовно да известуваат за загадувањето и да се апелира до граѓаните да користат средства за јавен превоз, а патничките возила да не се користат без поголема потреба, со цел намалување на сообраќајот на моторни возила . Исто така се апелира до граѓаните  да ја намалат употребата на јаглен за загревање на домовите се додека постои ризик од зголемено загадување на амбиенталниот воздух, а показателите за загаденоста ќе се истакнуваат на видео бимот поставен на општинската зграда.

Во рамки на денешната седница советниците донесеоа одлука и правилник за делигирање на надлежностите на општината во делот на културата. Токму овие точки беа инспирација за повеќе советнички дискусии. Советниците од опозицијата со став дека не треба здружение на граѓани да ги организира културните манифестации, туку тоа да биде правно лице. Ваквата забелешка беше прифатена од страна на градоначалникот. Во повеќето дискусии на советниците акцент беше ставен на организирањето на стопанско туристичката и културна манифестација Тиквешки гроздобер која е главен белег на Кавадарци.  Со одлуката и правилникот  што денеска едногласно  ги усвоија советниците се опфатени и манифвестациите Свети Трифун, „Баскер фест“ и организираниот дочек на новата година на градскиот плоштад.

Едногласно без дискусија денеска беа усвоени и неколку одлуки поврзани со урбанистичко планска документација, како и одлуки за примање и давање на трајно користење на недвижни ствари од Владата на РМ на ООУ „Тоде Хаџи Тефов“, “Страшо Пинџур“, „Тошо Велков-Пепето“ и „Димката Ангелов Габерот“. Со одлука на советот ќе се донираат средства за изградба на црквата Света Петка во Кавадарци.

Ангел Данов



Share

Додади коментар