Тиквешкото Езеро далеку од прелив
26-01-2015 РЕГИОН

Најавата дека постои стравување од излевање на акумулациите во источна Македонија  беше повод да побараме информација каква е состојбата со Тиквешкото Езеро и колку е зголемен дотокот на вода  во акумулацијата . Според зборовите надиректорот на Нидроелектричната централа „Тиквеш“ Звонко Бошков  простор за стравување од излевање на акумулацијата воопшто нема. Дневниот доток на  вода во акумулацијата е  зголемен на 144 метри кубни во секунда додека моментална кота  изнесува 248,70  што значи до максималната кота пред излевање 265 имаме уште многу .

 

Со други зборови вели Бошков  и цел месец да не се произведува електрична енергија со ваков тоток нема опасност од прелевање на акумулацијата.  Зголемениит доток значи полнење на Тиквешкото Езеро и дневно производство на 1 милион и 300 000 киловат часови електрична енергија. Ова значи дека  планските  предвидувања за производство на електрична енергија од 14 милиони   одамна се надминати мидејќи до денешниот ден се произведени вкупно 25 милиони киловат часеви електрична енергија  и 178 насто оставрен план.  За илустрација да потсетиме дека  наттфрлување на планските предвидувања во ХЕЦ „Тиквеш“ имавме и вомесец октомври  318 насто и во месен ноембри 288. 2014 година ХЕЦ „Тиквеш“ ја заврши без застој во работењето  односно стопостотна техничка расположивост на четирите агрегати – вели Бошков.

Mирјана Мукаетова



Share

Додади коментар