Утре во текот на ноќта ќе се прска против комарци во Кавадарци
04-06-2018 РЕГИОН

 

Центар за јавно здравје Велес ПЕ Кавадарци Ве информира дека во вторник 05.06.2018г. во доцните ноќни часови екипа од Центарот ќе изврши теретстичка дезинсекција за уништување на возрасните форми на комарци и останатите молестанти  на територијата на Општина Кавадарци.

 

Со дезинсекцијата ќе се спречи појавата на вектор-преносливи болести кои ги пренесуваат комарците и други инсекти.

 

Дезинсекцијата може да се одложи наредниот ден ,поради неповолни временски услови.

 

Апелираме до пчеларите од подрачјето на општина Кавадарци да превземат соодветни заштитни мерки за пчелните семејства - стои во соопштението.



Share

Додади коментар