УХМР најавува можно невреме утре попладне и ноќта

Од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија доаѓаат најави за нова дестабилизација на времето, пороен дожд и електрични празнења.

Поради продор на студен бран од север веќе од утре попладне и вечерта ќе имаме пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.  Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.

 

Во петок преку денот ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време - информира УХМР.



Share

Додади коментар