Јанчев: Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски
08-12-2020 РЕГИОН

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев денеска упати честитка до сите граѓани по повод празникот Свети Климент Охридски. 

 

„Овој ден за нас претставува потсетување за обврската која ја имаме за почитување на нашата традиција и духовното наследство.

Свети Климент Охридски ја продолжи мисијата на неговите учители Свети Кирил и Методиј и нивното духовно и хумано дело описменувајќи го народот. Неговото дело е наше духовно и културно богатство. Во исто време и обврска да го чуваме и шириме неговото дело на идните генерации и да бидеме горди на нашата традиција и култура.

Нека е честит и вековит празникот!  Вечно нека биде делото на Свети Климент Охридски!“ - стои во честитката од Јанчев.



Share

Додади коментар