„Шарената револуција“ со нов протест вечерва во Кавадарци
20-05-2016 РЕГИОН

И покрај дождот кавадарчани излегоа на протест на „Шарената револуција. Демонстрантите протестниот марш го започнаа од новиот центар на градот, се движеа по улица „Илинденска“ и стигнаа до градскиот плоштад. Демонстрантите и на овој протест фрлаа со јајца и боја. Фасадата на општинската зграда и скалите од плоштадот беа целосно покриени со боја.

 

Од протестот се побара сите политичари кои се огрешиле кон законот да одговараат. Да се повлече аболицијата за да одговарат сите кои направиле криминал.

 

„ Бетонот распука, правда ќе има. Влада со Никола Груевски и фамилијата нема да има. аболиција нема да има, но Македонија ќе ја има. Ќе има слобода, ќе има правда, ќе има рамноправност. Никола Груевски е готов, од него не зависи ништо. Единствено ги држи спонтано собраните чистачки на бојата од шарената револуција. Режимот е на колена., не треба да дозволиме пак да се исрави. Ние ќе се избориме. Нас не ни требаат ниту гумени куршуми, ниту оружје, ниту безбол балки. Сами со голи раце, со разум и со малку боја ќе ја оствариме слободата“ рече Горан Белевски, актуелен советник во советот на општина Кавадарци од советничката група на СДСМ.

 

Тој упати серија обвинувања до градоначалникот Александар Панов.


„Градоначалникот во заминување кога е на телевизија не пропушта прилика сите нас овде да не навредува јавно, дека сме хулигани. Имај една работа на ум, нема недопирливи и ти и директорот на Комуналец ќе одговарате за се. ЌЕ дојде време кога ќе треба на правосудните органи и на овие граѓани да им кажете од каде ви се џиповите, становите, викендиците, скапите мотори, дебелите конта. Недај боже Катица Јанева и Фиме Фетаи да им велзат во оваа зграда. Нема со месеци да испаднат. Насекаде мириса на криминал“ рече Белевски.

Нагласи дека Кавадарци е зафатено од белата чума, бидејќи немало куќа од која немало иселено млад човек надвор од државата да бара подобра иднина. Тоа се случувало бидејќисо плата од 200 евра месечно младите неможеле да оформат свое семејство и да има финансиска независност.

 

„На Панов му сметала бојата на Шаренатра револуција, а не му сметаше крвта на Мартин Нешковски. Не му смета, што сакаа да скријат убиство на млад човек. Не му смета тоа што умре младата Тамара од Велес за само 30 илјади евра, пари кои ги троши само за дочек и украсување за нова година. Му смета бојата од шарената револуција, на му смета смредеата во Глишиќ и Марена што ги лаже луѓето дека ќе изгради колектор.“ нагласи Белевски и обвини дека општината давала по 730 илјади денари годишно за подршка на „Дрекслермаер“.

 

„ Ние протестираме за слобода и правда, а тие доле од ГДОМ за криминал, беззаконие, кинески провизии и плацеви на водно. Многу брзо ќе дојде времето кога најупотребуваната реченица во Македонија ќе биде „Груевски падна“. Да ве птосетам на зборовите на Ќиро Глигоров, Македонија е се што имаме“ го заврши својот говор на протестот пред своите сограѓани општинскиот советник од СДСМ, Горан Белевски.

 

Пред кавадарчани говореше и професорот на Економски факултет, м-р Драган Тевдовски. Тој нагласи дека во последниот период во Македонија имало многу неправди.


„Борбата на шарената револуција е борба за едно праведно општество, ново општество. Неможе да има аболиција на политичари, кога обичниот човек е незаштитен. неправда е кога се трошат стотии милиони евра за фасади и спомении, а нема пари за болници и за тоа што му треба на македонскиот човек. Мора радикално да ја зголемиме транспарентноста во трошењето на парите на граѓаните. Секој граѓанин мора да биде контролор како институциите му ги трошат парите. Субвенциите треба да растат, но да завршат кај вистинските земјоделци. Мора да имаме промена во даночната политика, таа е целосно на страната на најбогатите. Најсиромашните треба да бидат ослободени од даноци“ рече пред кавадарчани Тевдовски.

Ангел Данов



Share

Додади коментар