Арт рок хепенинг во Кавадарци
24-07-2020 КУЛТУРА

Манифестацијата „Арт рок хепенинг“ синоќа го исполни градскиот плоштад во Кавадарци.

 

Почетокот на ова случувањеод културата  започнаа претпладнето во Летната бавча на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“,  каде ликовни уметници од повеќе градови на Македонија реализираа по едно уметничко дело, а истите ги финализираа пред јавноста вечерта на Градскиот плоштад. Учествуваа ликовните уметници: Драган Најденовски, Ема Ќука и Аница Стевановска од Битола, Новица Трајковски и Андријана Мациев од Скопје и Киро Јосифов, Владимир Темков, Драгица Чекорова, Лазар Дојчинов и Горан Боев од Кавадарци, како и младите ликовни таленти Тодорока Пејовска и Арелена Гостимировиќ од Кавадарци.

 

За музичкиот дел се погрижи “Ано бенд“ од Кавадарци.

Како дел од настанот беше изведен дел од проектот во најава, а со работен наслов Уличен театар “Живи скулптури“ на Театарот при Дом на култура Кавадарци, кој е авторски проект на Микица Илова и Сара Милевска.

 

Настанот се одвиваше според Протоколите за работа во време на COVID - 19: за сите присутни на настанот - носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 - 2 метри и ограничен број на посетители.

 

“Арт рок хепенинг“ е во организација на Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија.



Share

Додади коментар