Загина алпинист при искачување на карпите на демиркаписката клисура
25-10-2017 ЦРНА ХРОНИКА
Вчера околу 12.00 часот во ПС Неготино пријавено е дека,приискачување на карпите на демиркаписката клисура еден од алпинистите паднал и се здобил со тешки телесни повреди и бил во бессознаие.
Екипи од ПС ОН Неготино и Итна медицинска помош од Неготино веднаш излегле на место на настанот, при што, е утврдено дека повреденото лице С.П.(71) од Дечин – Р.Чешка веќе е починато како последица на пад при искачување на карпата на висина од околу 20 метри.
Причина за падот е сопствена грешка.
По наредба на јавниот обвинител телото е однесено во Институтот за судска медицина во Скопје заради вршење на обдукција.

Додади коментар