ОВР Кавадарци: Да не се палат коледарски огнови и да нема групирање
04-01-2021 РЕГИОН

Одделението за внатрешни работи Кавадарци во пресрет на верскиот празник Коледе и палењето на коледарски огнови, апелира до сите граѓани од општините Кавадарци и Росоман доследно да ги почитуваат одлуките и протоколите на Владата на Република Северна Македонија, кои се однесуваат на заштита и првенција од Ковид 19. 

 

- Се забранува организација и учество на прослави на јавни места и површини. Утре вечер граѓаните да се воздржат од палење на огнови и да не се групираат.   Исто така се апелира до сите граѓани доследно да ги почитуваат законските одредби со кои се забранува продажба и употреба на пиротехнички средства, со цел избегнување на било какви нарушувања на јавниот ред и мир и кривични дела, како и избегнување на евентуални повреди, настанати од употребата на петардите и други пиротехнички средства. 

 

ОВР Кавадарци редовно ќе врши контрола на терен за тоа дали се почитуваат законските одредби како и одлуките и протоколите на владата и за утврдените недоследности ќе бидат преземени сите законски мерки - стои во соопштението од кавадаречката полиција.



Share

Додади коментар