Во саботата на 10 јануари светскиот ден на смеата се случи премиерата на комедијата „Сомнително лице“ од Бранислав Нушиќ во адаптација и режија на Диме Коцевски со што се одбележаа и два големи јубилеи, 70 години од постоењето на кавадаречкиот театар и личниот јубилеј на актерот аматер Коле Коле кој одбележа 30 години од неговата прва улога на сцената на кавадаречкиот театар во истатта претстава „Сомнително лице“ . Со еден збор бевме сведоци на уште едно успешно издание на кавадаречкиот театар повторно на кавадаречки дијалект со препознатливиот хумор кој вечерта имаше одличен прием кај публиката.
Следевме една динамична актерска игра , брзи дијалози одлично адаптирани улоги на актуелното кавадаречко битисување и многу смеење што беше наградено со бурни аплаузи на отворена сцена. За актерот и режисер Диме Коцевски може да се каже дека направил успешна адаптација и надградба на нушиќевиот драмски текст збогатувајќи го со нови , локални комични изрази адаптирани на актерите и актуелните случувања во Кавадарци и Македонија. Актерската екипа аматери со долг стаж на театарската сцена во Кавадарци може да добие висока оценка на чело со Диме Боцев во главната улога кој со секоја своја улога се потврдува како исклучителен талентиран актер, потоа Диме Коцевски, Љупчо Настов , оригиналниот Видан Станоев потоа Коле Колев како еден од најдобрите епизодисти на сцената на кавадаречкиот театар, следува Снежана Карова, Љупчо Шошев, Деан Атанасов, стандардниот квалитет и посебност на Костадин Прокопов и младиот Драган Кабрамов, Сценографијата за претставата ја изготви ликовниот уметник Трајче Јованов .
Она по што се одликуваше комедијата „Сомнително лице“ ми се чини дека беше компактната актерска екипа, динамичната и стегната игра и одлично адаптираниот текст што ни овозможи гледајќе ја претставата времето на Нушиќ да го пренесеме во кавадаречката чаршија а за решисерот Диме Коцевски една од неговите најдобри и најзрели решиски остварувања.
Мирјана Мукаетова
Додади коментар