(ВИДЕО) 75 години од убиството на Страшо Пинџур одбележани во Ваташа
04-01-2018 РЕГИОН
Во родното село Ваташа, во неговата родна куќа се одбележаа 75 години од убиството на народниот херој Страшо Пинџур. Пред спомен бистата цвеќе положија градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, советници во кавадаречкиот совет, претставници на здружението на борци и претставници на инстутуции.
Се читаа извадоци од дневникот на Страшо, а историчарот и директор на музеј галерија Кавадарци, Петре Камчевски говореше за животот и делото на Страшо Пинџур.
А.Д

Додади коментар