(ВИДЕО) Велигденски базар во детската градинка „Рада Поцева“
12-04-2017 РЕГИОН

Велигденската бајка и годинава најрано пристигна во детската градинка Рада Поцева во Кавадарци. Повеќе од вредни беа неуморните детски раце од сите работни објекти на градинката кои заедно со своите воспитувачи, негователи и родители создадоа украси во знакот на Велигден.

Сиболично јајцата, кошничките, кокошките, зајчињата нај присутни меѓу рачно изработените експонати изложени на продажниот пазар организиран во дворот на секој работен објект. Дечињата весели и радосни, а родителите сериозни во улогата на потрошувачи. Големата хуманитарна акција ја продолжува традицијата. На неа се радува целата градинка од каде велат годинава парите остануваат во сопсвениот буџет за потребите на дечињата.

 

Изработуваме кошнички за велигден. Цртаме јајца и се радуваме на празникот кој доаѓа. Ни помагаат и нашите родители, а парите ќе ги потрошиме на дечињата на кои најмногу им требаат на нашите другарчиња велат дечиња од големите групи.

 

Христос воскресе навистина воскресе, се учело и ќе се учи за сите христијански празници во детската градинка Рада Поцева во Кавадарци. Традицијата ја носи со себе културата, воспитанието и образованието кај најмалите.Од најмали години тие учат за својот народ и се што го опшкружува истиот. Радостоа ја имаше во изобилство, а хуманитарната акција со успешноста и денеска покажа дека верни соработници на градинката се токму родителите. Огромна благодарност до нив упатува и директорката Цанка Добринова кој потврдува, токму родителите и нивната подрша се една од клучните алки во работата и успешноста на градинката.

 

Милица Младенова

  



Share

Додади коментар