Кавадарчани и синоќа максимално ги испочитуваа препораките да останат во своите домови. Не се евидентирани никакви прекршувања на подрачјето на ОВР Кавадарци, потврди денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. Наша екипа, со издадена дозвола од Министерството за информатичко општество и јавна администравија за движење додека е на сила полициски час, направи обиколка по градските улици.
Утринава граѓаните со заштитни маски и ракавици излегоа да ги завршат основните обврски за набавка на храна и лекови. За разлика од претходните денови можеше да се забележи помало присуство на граѓани. Пред маркетите, аптеките и банките се почитуваше редот и препораките.
Новите податоци соопштени денеска од МЗ говорат дека нема евидентирано нови заболени лица од Кавадарци. Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека се направени 30 тестови на вработени од кавадаречката болница и истите се негативни.
А.Д

Додади коментар