(ВИДЕО) Доделени јубилејни награди и признанија на крводарители од Кавадарци
19-03-2019 РЕГИОН

На свечена седница, синоќа, општинската организација на Црвен Крст Кавадарци ги додели јубилејните награди и признанија.

 

-Ова е само мало признание за најхуманите луѓе. Ваков настан ќе се организира и за крводарителите од општина Росоман, рече Димитар Каракулев, претседател на Црвен крст Кавадарци.

 

 

Тој меѓу другото соопшти и дека 1.834 крводарувања беа реализирани минатата година, со што годишниот план за дарување крв беше остварен со 155 проценти. Кавадарчани и росоманци се меѓу најхуманите во државата.

 

С.Д

 



Share

Додади коментар