(ВИДЕО) Домашните производители на вино прават се поквалитетен производ
17-11-2016 РЕГИОН

Домашните производители на вино континуирано го подобруваат квалитетот на својот производ е оценката на здружението на винари на Македонија.

 

Подобрувањето, според експертите се должи на поголемата едуцираност на производителите кои произведуваат вино во домашни услови.

 

Вчера во Кавадарци на факултетот за земјоделство што работи во рамки на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип се дегустираа 60 мостри на младо  вино од домашни производители во рамки на манифестацијата за одбележување на денот на младо вино.

 

 Во изборот на најдобри млади вина учествуваат производи од Тиквешкиот регион, но и од други виногорја, Велешко, Гевгелиско, Валандовско, Скопско.

Ангел Данов

 

 

 



Share

Додади коментар