(ВИДЕО) За прв пат во Кавадарци Бадникова-Божиќна поворка
06-01-2018 РЕГИОН

 

Со стиховите од старата коледарска византиска песна „Вечниот бог“,околу 150 дечиња од Кавадарци, денеска тргнаа во божиќно-бадникова поворка, од црквата Света Петка да го најават големиот христијански празник, Раѓањето Христово. Со себе носеа макета на пештерата која симболично го претставува раѓањето на господ Исус Христос.

 

Децата поминаа низ градските улици пеејќи ги стиховите свет, свет, пресвет си господи и стигнаа до општинската зграда, каде беа пречекани од градоначалникот Митко Јанчев. Тој ги даруваше коледарите со пакетчиња и им посака добро здравје. Јанчев се надева дека оваа манифестација во чест на Бадник и Божиќ ќе стане традиција.

 

 

 

За прв пат годинава се случува оваа празнична поворка организирана од црквата. Децата кои беа дел од поворката претходно одржаа неколку проби со наставничката по веронаука, Весна Ѓорѓиева. Свештениците дадоа благослов на ова случување и се надеваат дека ќе заживее во Кавадарци.

А.Д

 

 



Share

Додади коментар