(ВИДЕО) Заврши уште едно издание на фестивалот на отворено „Алшар“
12-06-2017 РЕГИОН

Уште еднаш се слушна на далеку за прекрасната организација и гостопримливи домаќини - кавадарчани. Ниту дождот кој е најголем „непријател“ на outdoor настаните, ниту пак свежото време не успеа да ги обесхрабри учесниците на најголемата македонска авантура, Алшар - Допри го сонцето 2017.

 

Напротив, временските (не)прилики само го зголемија количеството на адреналин и возбуда кај точакџиите и планинарите кои од сите краеви на земјата допатуваа за да уживаат во патеките кои се опкружени со планините кои ја кријат тајната за настанокот на светот.

 

Имено,  вчера финишираше второто издание на фестивалот на отворено за кој што без сомнение ќе се вбројува во традиционалните  настани во Кавадарци.

 

Ви ги пренесуваме впечатоците од друштвото на Тиквешки точакџии кои што се и главните виновници за овој адреналински фестивал на отворено.

К.Ѓ

 

 



Share

Додади коментар