Потребата од здрава исхрана за добро здравје е клучна во растот и развојот на децата. Тие уште во градинка се едуцираат за придобивките кои ги имаат од консумирањето на здрава храна, пред се овошје и зеленчук. Денеска во сите клонови на детската градинка „Рада Поцева“ децата подготвуваа и консумираа салати во рамки на денот за светска револуција за здрава храна.
Комбинацијата на здрава исхрана, одгледување на зеленчуци во своите органски градини, вклучување на родителите и едукацијата за важноста на здравата исхрана за децата од градинка, претставува еден интегриран пристап кој влијае на перцепцијата на децата и им дава можност да размислуваат и да уживаат во здравата храна од најмала возраст.
Децата сакаат здрава храна кога таа е достапна на привлечен и забавен начин. Пристапот со кој им ја нудиме здравата храна на децата е многу важен како и самата едукација од најмала возраст – вели координаторот на проектот воспитувач Душица Крстиќ и додава дека децата кога се соодветно стимулирани , сите сетила им се вклучени. Децата многу полесно се охрабруваат да ја користат својата љубопитна природа за да се запознаат и да ја осознаат здравата храна, а со тоа и да развијат здрави навики кои ќе траат цел живот.
Воспитувачите, преку воспитно - образовната програма во градинките ги запознаваат децата со најразлично теми, но,една од поважните теми е токму здравата грана и вистинскиот избор кога се работи за храна. На тој начин се создаваат темели кои ќе ги насочат децата на поквалитетен живот.
А.Д

Додади коментар