Попладнево, како што беше најавено од иницијаторите за спас на градскиот парк во Кавадарци се одржа граѓански собир. Кавадарчани кои се одзваа на поканата беа примени од градоначалникот Митко Јанчев кој заедно со претставник од секторот за урбанизам ја презентираа хронологијата на носење на урбанистичкиот план во 2013 година со кој е дозволено градење во непосредна близина на паркот.
Градоначалникот Јанчев го повтори ставот дека ќе се зголемуваат зелените површини, а силно ќе застане против било какво уништување на зеленило. Од иницијативта се задоволни од средбата и најавуваат соработка со општината за подигање на еко свеста, а и дека ќе покренат постапка за ревизија на спортниот урбанистички план пред Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво...
А.Д

Додади коментар