(ВИДЕО) Кавадаречката болница ќе добие 54 нови медицински апарати
01-11-2016 РЕГИОН

Болницата во Кавадарци ќе добие нови современи медицински апарати со цел да се подигне квалитетот на здравствени услуги кои ги добиваат граѓаните од Тиквешијата. Наскоро и во кавадаречката болница ќе се врши компјутерска томографија, но жителите од Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија ќе добиваат и други услуги во своето место на живеење. Вредноста на опремата што ќе биде донирана во болницата ќе биде 860 илјади евра, информираше на прес конференција директорот на оваа медицинска установа, д-р Орце Ангеловски.

 

Директорот на болницата рече дека мамографот кој што неодамна беше ставен во функција е во редовна работа и досега биле дијагностицирани неколку малигни заболувања кај жените.

А.Д

 

 



Share

Додади коментар