(ВИДЕО) Кавадарци за дочекот на 2018
01-01-2018 РЕГИОН
Весело беше на градскиот плоштад во Кавадарци за дочекот на Новата 2018 година. Голем број граѓани новата година ја дочекаа на плоштадот каде во организација на локалната самоуправа имаше организиран дочек. За забавата беа задолжени локални бендови, а точно на полноќ следеше спектакуларен огномет.
На присутните новата година им ја честита градоначалникот Митко Јанчев. Тој за новогодишната ноќ ги посети дежурните во кавадаречката полициска станица, брзата помош и противпожарната единица. Им ја честита новата година и им врачи скормни подароци.
Од медицинските установи информираат дека новогодишната ноќ помина без многу интервенции. И од безбедносен аспект дочекот на новата година бил без инциденти.
А.Д

Додади коментар